МЕСЕЦ НА СПОРТОТ  е едномесечен спортски турнир за бизнис единките во Македонија, наменет за развој на рекреативниот спорт и Team Building помеѓу вработените кој ќе се одржува по четврти пат оваа година во СЦ ФОРЦА во периодот од 06. јуни 2011 до 02. јули 2011 и е со тенденција да прерасне во традиција на дружење и забава на голем број вработени во најдобрите и најсилните Македонски компании.

Пријавувањето е отворено за сите компании кои ќе состават екипи од своите вработени, во еден од спортовите: фудбал, баскет, одбојка на песок и пинг понг.

На турнирот може да се натпреваруваат и мажи и жени, зависно од пропозициите за пријавување екипи за секој спорт соодветно.

Акредитираните учесници имаат поволности за користење на спортски и кафе бар услуги за времетраење на Месец на спортот 2011.

Натпреварите се играат во вечерните часови, во текот на работните денови и во текот на денот за време на викенди. Комплетниот распоред ќе се објави по официјалното ждребање, пред почеток на натпреварите.

За време на натпреварите е обезбедена лекарска супервизија.


ОДБОЈКА НА ПЕСОК

Натпревари

Табели

Пропозиции