Право на учество
-
Право на учество на МЕСЕЦ НА СПОРТОТ 2011 имаат сите клиенти кои ќе пријават учество со играчи кои се аматери и не се регистрирани како активни спортисти во првите три лиги во некој од спортовите во кои се пријавуваат (фудбал, футсал, кошарка, одбојка, пинг - понг) во последните 3 (три) години. Проверката ќе се врши според спортската федерација на Р Македонија од соодветниот спорт за времетраeње на МЕСЕЦ НА СПОРТОТ 2011
Потребна документација за пријавување на екипа:
- Уредно пополнета апликација за учество за секој спорт поединечно, со точните информации за учесниците кои се пријавени.
- Апликациите за учество треба да се пополнат и испратат најдоцна до 01.06.2011 (среда)
- * Дополнителна измена на составот на екипите, од пријавените учесници во апликациите за учество нема да се смета за валидна.
- За идентификација на вработените потребни се следните документи: (фотокопија или скенирана верзија за проследување по електронски пат)
- заверена потврда од компанијата - список на пријавените играчи со потврда дека истите се во редовен работен однос во компанијата
- Лична карта - фотокопија или скенирана верзија за проследување по електронски пат.
- Документите за идентификација треба да се достават во СЦ Форца или електронски да се испратат најдоцна до 01.06.2011 (среда).
Превземи пропозиции за натпреварување за сите спортови соодветно: ФУДБАЛ, БАСКЕТ, ОДБОЈКА НА ПЕСОК, ПИНГ – ПОНГ
* за евентуални нерегуларности во врска со пријавените учесници, екипите ќе бидат дисквалификувани без враќање на котизацијата за учество. СЦ ФОРЦА го задржува правото да побара М1/М2 образец во текот на натпреварите. Исто така, СЦ ФОРЦА може да врши проверка за играчите во соодветната спортска федерација.
*за компании со помалку од 20 вработени, дозволено е спојување со втора компанија со помалку од 20 вработени со цел да се состави една екипа во некој од спортовите.
Пријавување
- Пријавувањето за учество може да се изврши на тел. (02) 3091200 или по e-mail и учеството е валидно со уплатена котизација по профактура.
- Краен рок за пријавување: 01.06.2011 (среда)
- Почеток на турнирот 06.06.2011 (понеделник)
КОТИЗАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО
|
Спорт
|
Котизација
|
Број на натпреварувачи
|
|
Фудбал
|
250 €
|
12
|
|
Баскет
|
120 €
|
7
|
|
Одбојка на песок
|
150 €
|
10
|
|
Пинг Понг
|
20 €
(40€,50€,65€,80€ ... )
|
1
(2,3,4,5....)
|
|
* ПАКЕТ СПОРТОВИ
(фудбал, баскет, одбојка на песок
+ 2 учесници пинг понг)
|
490 €
|
30
|
Цените се без ДДВ 18%
При уплатена котизација до 18.05.2011 (среда), се одобрува попуст од 5%
•Сите компании учеснички од изминатите години кои повторно ќе се пријават, се одобрува попуст од 5 %
•За секоја втора пријавена екипа во ИСТ СПОРТ од ИСТАТА КОМПАНИЈА се одобрува попуст од 25%
* Во пакет спортови за секој нареден пинг понг играч цената е дополнителни 15 евра по играч



